87
Поранешниот претседател и републикански претседателски кандидат за американските избори Доналд Трамп изјави дека ќе ја напушти Америка и ќе замине во Венецуела доколку ги загуби изборите во ноември.
Во интервјуто на X со милијардерот Илон Маск, Трамп рече дека Венецуела, која е зафатена од немири по претседателските избори, ќе биде „далеку побезбедно место“.
– Ако нешто се случи со овие избори, што би било хорор шоу, следниот пат ќе се сретнеме во Венецуела бидејќи тоа ќе биде многу побезбедно место за средба од нашата земја, му рекол Трамп на Маск.
Тој наведе дека стапката на криминал во Венецуела опаѓа, додека стапката на криминал во САД расте.