Трамп: Ако не победам на изборите, Израел ќе престане да постои во рок од две години

од Milan1
79 прегледи

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека американските еврејски гласачи ќе бидат делумно виновни доколку тој ги загуби изборите на 5 ноември од потпретседателката Камала Харис, кандидатот на демократите. За време на Националниот самит на израелско-американскиот совет во Вашингтон, поранешниот претседател се пожали дека заостанува зад Харис меѓу американските Евреи.

Израел најверојатно ќе престане да постои во рок од две години доколку Харис победи на изборите, а Евреите ќе бидат делумно виновни за тој исход, бидејќи тие имаат тенденција да гласаат за демократите, тврди Трамп.

„Ако не победам на овие избори  и еврејскиот народ навистина би имал многу влијание во тоа, затоа што мислам 60 проценти од луѓето гласаат за непријателот. Израел, според мое мислење, ќе престане да постои во рок од две години“, порача Трамп.

Трамп цитираше анкета која покажа дека Харис има предност од 60 отсто од гласовите меѓу американските Евреи.

Слични содржини