Трамп апелираше до членовите на партијата да ги поддржат кандидатите лојални кон него

од Vladimir Zorba
191 прегледи

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп апелираше до членовите на неговата Републиканска партија да ги поддржат кандидатите лојални на него на следните избори за Конгресот на САД.

На синоќешната конвенција на републиканците во сојузната држава Северна Каролина, Трамп навести дека влегува во поактивна фаза во периодот по претседателскиот мандат.

Тој најави дека ќе биде активно вклучен во кампањата на кандидати „кои ги делат неговите вредности“ пред изборите за Конгресот на САД во ноември 2022 година.

Некои републикански лидери стравуваат дека зајакнувањето на кандидатите наклонети кон Трамп може да ја загрози борбата на партијата за контрола над Конгресот на изборите следната година.