Трамп: Бајден го предаде Израел, не знам како Евреите можат да гласаат за него

од Vladimir Zorba

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп изјави денеска дека актуелниот претседател Џозеф Бајден „го предал Израел“, додавајќи дека израелско-палестинската војна е последниот конфликт што избувна за време на администрацијата на Бајден.

„Не можам да замислам како некој што е Евреин или некој што го сака Израел гласал за демократ, а камоли за овој човек. Корумпираниот Џо Бајден го предизвика овој проблем“, рекол Трамп на митинг во Њу Хемпшир, пренесе порталот HILL.

Тој додаде дека пред неполни четири години имаше мир на Блискиот Исток, но денес има војна во Израел.

Слични содржини