ТРАМП БЛОКИРАН СЕКАДЕ: Социјалните мрежи ставија блокада на поранешниот претседател!

од Берта Китинска

Фејсбук и Инстаграм решија по инцидентот во Вашингтон, на Капитол Хил, да му забранат пристап на поранешниот американски претседател Доналд Трамп најмалку 24 часа.

Твитер, исто така, официјално потврди дека пристапот до сметката на Трамп е блокиран и дека добил привремена забрана за користење на таа социјална мрежа.

Јутјуб мрежата, како и претходните три социјални мрежи, го откажа видеото во кое Трамп зборува за Капитол Хил, а видео мрежата привремено или трајно ќе исклучи какво било видео спротивно на националната безбедност на Американците.

Социјалната мрежа Фејсбук ја прогласи за алармантна ситуацијата во Вашингтон и отстрани едно видео поврзано со зборовите на Трамп упатени до демонстрантите пред Капитол Хил. Преносот во живо на мрежите Јутјуб, Фејсбук и Инстаграм е затворена, а исто така и видео мрежата Твич, најчесто користена од гејмерите. Некои американски медиуми, вклучително и „Верж“, ги повикаа сите социјални мрежи да ги забранат повиците на Трамп во врска со понатамошните демонстрации и да ги заклучат сите мрежи на поранешниот американски претседател, барем привремено.

Слични содржини