Трамп до гувернерот на Џорџија: Ти си будала и кловн!

од Nikola Popovski
314 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп денес го нарече републиканскиот гувернер Џорџија „будала“ и „кловн“ во гневни пораки на Твитер, обвинувајќи некои републиканци дека им дозволиле на демократите „да ги украдат изборите“, објави „Дејли мејл“.

„Каква будала е гувернерот на Џорџија, Брајан Кемп. Можеше да биде лесно, а сега треба да одиме по потешкиот пат. Барам од овој кловн да свика специјална седница и да започне со проверка на потписите, веднаш. Во спротивно, тоа може да биде многу лош ден за двајцата големи сенатори на 5 јануари“, порачал Трамп.

Повторените избори за сенатор во Џорџија ќе се одржат на 5 јануари, а одлуката за тоа кој го контролира Сенатот ќе падне на нив, бидејќи на 3 ноември никој не освои мнозинство.

Слични содржини