Трамп до Меј: Фокусирајте се на тероризмот во Британија, а не на мене

од desk2
99 прегледи

Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп поради објавувањето антиисламски видеоснимки на Twitter. Од друга страна, Трамп и советуваше да се фокусира на тероризмот во Велика Британија.

„Не обрнувај внимание на мене, само фокусирај се на деструктивниот радикален исламски тероризам кој се одвива во Обединетото кралство“, објави на својот Twitter, Трамп.

Портпаролот на Тереза Меј вели дека погрешно е тоа што го прави претседателот Трамп.

САД и Велика Британија се блиски сојузници и се смета дека имаат посебен однос. Тереза Меј беше првиот странски лидер кој го посети Трамп во Белата куќа.

Видеоснимките кои Трамп ги сподели имаат повеќе од 40 милиони прегледи, а првото видео беше retweet на Џејд Франсен, заменичка на ултрадесничарското движење „Britan First“, група која ја основаа поранешни припадници на екстремно десничарската британска национална партија (BNP).

Неколку водечки политичари од Велика Британија го критикуваа Трамп за објавените снимки, меѓу нив и надбискупот на Кантенбури Џастин Велби, кој рече дека е длабоко вознемирувачко тоа што Доналд Трамп одбра да го зајакне гласот на екстремистите на крајната десница.

Затоа е откажана планираната посета на Дoналд Трамп на Велика Британија, иако Даунинг стрит во средата објави дека повикот сè уште важи.

При одговорот на Трамп на премиерката Меј, означен е погрешен Twitter налог со само шест следбеници. Пoтоа, избришан е тој tweet и повторно објавен, но овојпат пораката е упатена на официјалниот налог на Велика Британија.