Американскиот претседател Доналд Трамп за време на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски им изјави на новинарите дека разговарал со Владимир Путин „пред неколку дена“, додавајќи дека верува оти рускиот претседател сака да направи договор за ставање крај на војната во Украина.
Во последните недели имаше телефонски разговор меѓу Трамп и рускиот претседател, како и средби меѓу американски и руски претставници во Саудиска Арабија и Турција.
Во Овалната соба, Трамп изјави пред новинарите: „Јас не сум сојузник со Путин“, додавајќи дека тој е сојузник со САД и добрата иднина на светот.
Но, Трамп рече дека е „и за Украина и за Русија“.
Според новинарските извештаи, Зеленски, американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и Трамп имаат тензична размена на мислења, пишува „Индекс.хр“.
Венс го обвинува Зеленски за „непочитување“
Трамп потоа вели дека украинскиот лидер „Се коцка со Третата светска војна“.
На крајот, Трамп му рекол на Зеленски дека не е благодарен и додал: „Ова ќе биде одлична тв програма“.