Трамп е навреден оти Путин ја поддржа Камала на претседателските избори

од Nikola Popovski
21 прегледи

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на изборите во ноември, Доналд Трамп изјави дека е навреден од изјавата на рускиот претседател Владимир Путин за поддршка на демократската кандидатка Камала Харис.

Како што јавува ТАСС, рускиот лидер оваа недела иронично изјави дека откако американскиот претседател Џо Бајден беше „повлечен“ од претседателската трка, Москва ја поддржува Камала Харис.

Путин додаде дека изборот е на американскиот народ.

„Го познавам Путин. Го познавам многу добро. Знаете, тој ја поддржа, не знам дали сте го слушнале, ја поддржа Камала. Тоа ме навреди. Се прашувам зошто ја поддржа Камала. Сега тој стана шахист“, рекол Трамп на митингот во Висконсин, додавајќи дека можеби тоа било кажано на шега.

Трамп претходно ги опиша Путин, кинескиот претседател Си Џинпинг и турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган како шахисти од светска класа.

Слични содржини