Трамп е убеден – еве кој го уби Кенеди

од Nikola Popovski
313 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти атентатот на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди во 1963 година го извршил Ли Харви Освалд, но дека не е сигурен дали напаѓачот можеби имал помош.

На прашањето дали верува дека Освалд го убил Кенеди, Трамп потврдно одговори во изјавата за Клеј Тревис, основач на спортската веб-страница Outkick, пренесуваат агенциите.

– Да. И јас секогаш го мислев тоа, секако дека беше тој, но дали имаше помош ?, прашал Трамп.

Американското Министерство за правда и другите федерални владини агенции го потврдија заклучокот дека Освалд бил убиец кој дејствувал сам, иако анкетите покажуваат дека голем број Американци сè уште веруваат дека смртта на Кенеди во Далас е резултат на заговор.

По налог на Трамп, владата оваа недела објави илјадници страници дигитални документи поврзани со атентатот на Кенеди.

Трамп за време на неговата кампања минатата година вети дека ќе обезбеди поголема транспарентност за смртта на Кенеди, а по преземањето на функцијата, тој исто така нареди план за објавување записи поврзани со атентатите на братот на Кенеди, Роберт и лидерот за граѓански права Мартин Лутер Кинг Јуниор во 1968 година.

Слични содржини