Трамп е задоволен дека земјите од НАТО ќе дада повеќе пари за оружје.

Претседателот Доналд Трамп е “задоволен” од фактот дека членовите на НАТО имаат тенденција да трошат повеќе пари за колективната безбедност, изјави во средата висок функционер на Белата куќа.
Сепак, претседателот се уште не ја исклучува можноста за повлекување на САД од Алијансата, ако ветувањата не бидат исполнети.
“Токму сега претседателот е задоволен од она што го гледа. Според него тие реагираат позитивно”, изјави претставникот за АФП пред првото странско патување на Трамп како претседател.
“Но, ние ќе гледаме ако ништо не се случи, или се случува премногу бавно”, додаде тој.
Коментарите доаѓаат откако еден од најблиските на Трамп протна инфо дека американскиот државен глава има намера да го прекине членството во НАТО, ако останатите европски и други сојузници одлучат да не го платат својот дел. Трамп “нема да остане во НАТО, ако НАТО не демонстрира многу побрз напредок”, изјави втор висок функционер од претседателската администрација пред група од странски новинари претходно истиот ден.