Трамп: ЕУ е основана исклучиво за да ја искористи Америка, тарифите за овие производи ќе бидат 200%!

од Vladimir Zorba
23 прегледи

Ново утро во САД, нови закани за царини од Доналд Трамп. Американскиот претседател утрово се разбуди со размислувања за Европската унија, на што на својата социјална мрежа Truth Social објави царина од 200 отсто за сите вина, шампањи и алкохолни производи кои доаѓаат од Франција и другите земји од Европската унија.

Причината беше воведувањето 50 отсто царина на вискито од Америка, кое Трамп го нарече „гнасно“.

„Европската унија, една од најнепријателските даночни и царински институции во светот, основана само за една цел, а тоа е да ги искористува Соединетите Американски Држави, штотуку воведе гнасна царина од 50 отсто за вискито“.

Тој додаде дека тоа ќе биде „одлично за бизнисот со вино и шампањ во САД“.

Се уште се чека реакцијата на ЕУ. Се разбира, доколку американскиот претседател не се предомисли во следните неколку часа.

Слични содржини