Американскиот претседател Доналд Трамп, кој  заедно со сопругата Мелани е во француската престолнина, навести дека не е исклучено да ја промени својата позиција во однос на мировниот договор за климата, за кој претходно оваа година објави дека САД се  повлекува. “Нешто може да се случи во однос на мировниот договор”, рече тој за време на заедничката прес-конференција со неговиот француски колега Емануел Макрон шест недели откако ја даде својата одлука. “Ќе видиме што ќе се случи”, додаде претседателот. Од своја страна, францускиот претседател рече дека ја “почитува” одлуката на Трамп, но и покрај тоа Франција останува цврсто посветена кон договорот од 2015 година.  Што се однесува до мене, јас останувам посветен на мировниот договор “, рече Макрон. Францускиот претседател исто така изјави дека во иднина Париз и Вашингтон ќе ги продолжат разговорите  за прашањата за заштита на климата, независно од излегувањето на САД од договорот. “На темата за заштита на климата на планетата помеѓу нашите земји постојат одредени несогласувања, особено во однос на толкувањето на одредбите од Парискиот договор. Ние постојано сме разговарале за овие разлики во приодите. Но, сметам дека е многу важно да ја продолжиме дискусијата на оваа тема “, посочи Макрон. Покрај проблемите на климата, двајцата претседатели разговарале и за конфликтот во Сирија, согласувајќи се да формираат меѓународна контакт група, која ќе се занимава со реконструкција на повоена Сирија. “Во сириско-ирачката ситуација нашите мислења се совпаѓаат и имаме намера заеднички да преземеме дипломатски иницијативи кои овозможуваат изработка на план за акција во повоениот период”, изјави шефот на француската држава. Според него за Сирија е “од суштинска потреба да се изработи инклузивно политичко решение за повоениот период”. “Знаеме каде се наоѓаат факторите на дестабилизација и овие фактори ќе бидат земени предвид во повоениот план за акција”, додаде Макрон. Претседателот, исто така, не пропушти да изјави дека придава големо значење на заедничките активности на Франција со Русија на меѓународната сцена. “Ние со претседателот на Русија Владимир Путин имавме долготрајна средба во Версај. Тоа беше една важна средба. Нашите ставови не се совпаѓаат сосема, но важно е да работиме заедно, да споделуваме информации и да бараме решенија “, рече тој.

Слични содржини