Во интервју за Фок Њуз телевизијата снимено во Хелсинки и емитувано вчера во САД, Трамп беше запрашан за член 5 на НАТО, во кој се вели дека нападот врз една членка на сојузот е напад врз сите членови, пренесува РСЕ.

На прашање на модераторот на американската телевизјата „Зошто мојот син да оди во Црна Гора да ја брани од напад? Зошто е тоа така?“ Трамп одговори „Разбирам што ми кажувате. И јас се прашувам истото“
„Не, видете, тие се многу силен народ. Тие се многу агресивен народ. Тие би можеле да станат агресивни и честитки, ќе се најдеме во Трета светска војна. Го разбирам тоа, но така сето е така устроено“, рече Трамп.