Трамп ги обвини Бајден и Камала Харис за неодамнешниот обид за атентат врз него

од Vladimir Zorba
33 прегледи

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп ги обвини претседателот Џозеф Бајден и неговата демократска ривалка Камала Харис за обидот за атентат минатиот месец, обвинувајќи ги дека ѝ ја отежнувале работата на Тајната служба да го заштити.

Трамп ова тврдење, за кое не понуди докази, го изнел вчера во ток-шоуто „Д-р Фил“ што го води Фил МекГроу, објави „Гардијан“.

Претходно беше објавено дека неколку агенти на Тајната служба од канцеларијата во Питсбург биле ставени на административно отсуство по нападот на Трамп на 13 јули во Пенсилванија.

Слични содржини