Трамп објави дека САД се согласиле да ја паузираат имплементацијата на царините за еден месец, додека водат преговори на високо ниво со претставниците на Мексико. Преговорите ќе бидат водени од американските функционери, државниот секретар Марко Рубио, министерот за финансии Скот Бесент и министерот за трговија Хауард Лутник. Претходно, на 2 февруари, Трамп најави дека ќе воведе царини за стоките од Мексико, Канада и Кина, кои се најголеми трговски партнери на САД.
Мексиканската претседателка, Каудија Шејнбаум, изјави дека и некои американски компании се противеле на одлуката на Трамп за царините, што помогнало да се постигне паузата. Таа истакна дека паузата донела стабилност, но дека Мексико сè уште ја задржува можноста за контрамерки во случај на понатамошни царински мерки. Шејнбаум ја активирала опцијата за контрацарини, наредувајќи на министерот за економија да ги спроведе соодветните мерки за заштита на интересите на Мексико.