Трамп ги укина безбедносните дозволи на Камала Харис и Хилари Клинтон

од Vladimir Zorba
51 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп им ги укина безбедносните сертификати на поранешната потпретседателка на САД Камала Харис, на поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, на неколку други членови на администрацијата на поранешниот претседател Џозеф Бајден и на други истакнати демократи.

Оваа одлука е донесена откако Трамп минатиот месец објави дека му го одзема безбедносното одобрение на Бајден, објави Си-Би-Ес Њуз.

Во меморандум објавен вчера, Трамп објави дека ги укинува безбедносните дозволи на целото семејство на Бајден.

Слични содржини