Директорот на ЦИА Мајк Помпео може да го замени Рекс Тилерсон на позицијата американски државен секретар, пишува Политико.

Претседателот на САД Доналд Трамп дневниот брифинг го претвори во разговор само со Помпео, кој го известува за се – од безбедносни закани до она што се случува во Конгресот, запотоа заедно да одат на секој состанок на Трамп.
„Повластениот статус на шефот на ЦИА во Белата куќа го направи фаворит за местото на Тилесон. Тоа го тврдат повеќе десетици административни службеници, како и други важни личности надвор од Белата куќа, кои се запознати со моменталните планови“, наведува Политико.
Се додава дека и не е сосема јасно кога Тилерсон може да ја напушти сегашната функција, но се наведува дека размислува за тоа, како и дека Помпео веќе ги известил своите соработници дека Трамп планира да му го додели местото државен секретар, што тој пак е спремен да го прифати.
„Како и Трамп, Помпео јасно ги гледа опасностите, зборува директно, како човек кој не троши време залудно, и веќе се соочува со проблемите“, вели републиканскиот сенатор Том Котон.