Трамп го менува законот за туширање заради неговата коса (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
269 прегледи

Американската влада сака да ги промени законските дефиниции за батериите за туширање за да можат да имаат повеќе млазници за да испуштат повеќе вода низ нив. Ова се случи откако претседателот Трамп се пожали дека слабиот притисок на тушот му ја расипал фризурата.

Според законот од 1992 година, на тушевите во Соединетите Американски држави не им е дозволено да произведуваат повеќе од 29,5 литри вода во минута.

Администрацијата на Трамп сега сака да го промени тоа ограничување, така што батериите за туширање да имаат повеќе млазници, пишува ББС.

Измените на законот ги предложи Министерството за енергетика во средата, откако Трамп се пожали на тушевите за време на неговиот говор во Белата куќа.

„Значи, батерии за туширање – се тушираш, водата не излегува. Сакате да ги миете рацете, водата не излегува. Па, што да правам? Само стоите таму подолго или подолго се туширате? Бидејќи мојата коса – не знам за вас, но мора да биде совршена. Совршена“, рече тој.

Потрошувачки групи и групи за заштита на животната средина реагираа брзо, откако укажаа дека овие промени ќе бидат непотребни и штетни.

Ендру ДеЛаски, директор на Проектот за подигнување на свеста за стандардите за апарати, го нарече предлогот на Трамп „глупав“.

„Со четири или пет или повеќе млазници, 37 до 56 литри повеќе вода би излегле од тушот, што буквално ќе ве однесе од бањата“, изјави тој за Асошиејтед Прес.

„Ако на претседателот му е потребна помош во пронаоѓање на добар туш, можеме да го насочиме кон некои одлични веб-страници за потрошувачи кои ви помагаат да најдете добра батерија за туширање што обезбедува добар притисок и добро капење“, додаде тој.

Предлогот за измена на овој закон сепак ќе се најде пред судот, пренесува Ројтерс.

Слични содржини