Трамп го нарече генерал Мајли „губитник“ по денешното сослушување за за повлекувањето од Авганистан

„Марк Мајли е губитник кој не засрами во Авганистан и на други места! “ напиша Трамп во објава на Truth Social.

од Бети Божиноска
222 прегледи

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го нарече пензионираниот генерал Марк Мајли, поранешен началник на Здружениот Генералштаб, „губитник“ во средата по сослушувањето за повлекувањето на трупите на САД од Авганистан, пренесува „Хил“.

„Марк Мајли е губитник кој не засрами во Авганистан и на други места! “ напиша Трамп во објава на Truth Social.

Ова не е прв пат Трамп да му се нафрли на човекот што сам го назначи.

Мајли стана критичар на Трамп и го нарече „ диктатор во обид“ во својот говор за пензионирање во септември. Неделата пред тој говор, Трамп го обвини Мајли за предавство во објава на Truth Social, алудирајќи притоа на повиците на Мајли до Кина за смирување на крајот на мандатот на Трамп.

„Ова е толку страшен чин што, во минатото, казната би била СМРТ! Резултат на овој предавнички чин можеше да биде војна меѓу Кина и САД. Продолжува!!!” напиша Трамп во објавата.

Мајли одговори на септемвриската објава на Трамп во вторникот, на сослушувањето во Претставничкиот дом за надворешни работи за повлекувањето од Авганистан, велејќи дека „не се согласува со коментарите, но дека тоа е слободна земја и луѓето можат да кажат што сакаат“.

„Со сета почит, момци, јас сум тука за семејствата на Аби Гејт“, продолжи Мајли, во врска со 13-те американски војници убиени во хаотичното повлекување од Авганистан во 2021 година.

„И ќе ги оставам тие коментари – иако не ми е грижа за за нив, не се согласувам со нив – тие имаат право да ги кажат. Но, би сакал да останам фокусиран на овие семејства “, истакна Мајли.

Слични содржини