Трамп го обвини Обама дека му го прислушкувал телефонот

од desk2
82 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го обвини својот претходник Барак Обама дека му го прислушкувал телефонот во текот на минатогодишната кампања, не понудувајќи никакви докази за ова тврдење, јавија француските медиуми.

„Се обложувам дека добар адвокат може да направи одлучен случај од фактот дека претседателот Обама во октомври го прислушкувал мојот телефон, непосредно пред изборите“, напиша Трамп на својот Твитер налог.

„Колку ниско претседателот Обама паднал за да ми го прислушкува телефонот во текот на светиот изборен процес. Тоа е Никсон/ Вотергејт. Лош (или болен) човек“, напиша Трамп во уште еден твит на својот налог.