Трамп го откажа патувањето во Јужна Америка

од Vladimir Zorba

Американскиот претседател Доналд Трамп ја откажа посетата на Јужна Америка, која беше предвидена за оваа недела и ќе остане во САД за да „го надгледува американскиот одговор во Сирија и да ги следи случувањата во светот“, соопшти Белата куќа.

Портпаролката на Белата куќа Сара Хакаби Сандерс денеска соопшти дека Трамп нема да присуствува на Самитот на Америките во Перу и нема да оди на закажаната посета на Колумбија на 13 април. Наместо него, ќе оди потпретседателот Мајк Пенс.

Слични содржини