29
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го повтори својот предлог Канада да стане 51-та држава во Соединетите Американски Држави.
Тој на својата онлајн мрежа „Truth“ процени дека тоа ќе доведе до многу пониски даноци и подобра воена заштита за Канаѓаните.
„Исплаќаме милијарди долари субвенции за Канада. Зошто? Нема причина за тоа. Не ни треба ништо што тие имаат. Имаме неограничено количество енергија, треба да можеме да произведуваме сопствени автомобили и имаме повеќе дрва отколку што можеме да потрошиме. Без нашите субвенции, Канада не би постоела како остварлива земја. Сурово, но вистинито напиша“, Трамп, сугерирајќи дека единственото решение за ова би било Канада да стане 51-та држава на САД.