Трамп го скрши режимот во Киев, Медведев жестоко удри на Украина, неговата изјава одекна како бомба – „Ќе мораат да плаќаат богатство за земја која исчезнува“

од Марта Пешевска
118 прегледи

Потпишувањето на договорот за ретки минерали меѓу Украина и САД претставува обид на Вашингтон да го принуди Киев да плати за идната воена помош со сопствените природни богатства, изјави заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев. Договорот, потпишан во Вашингтон, ѝ овозможува на САД пристап до нови украински договори за експлоатација на ретки минерали, како и финансирање на инвестиции за обнова на разурната земја.

Според извештај на „Киев пост“, повикувајќи се на дипломатски извори, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го информирала Конгресот за својата намера да одобри извоз на производи поврзани со одбраната во Украина преку директна комерцијална продажба во вредност од 50 милиони долари или повеќе — што претставува прв ваков чекор откако Трамп се врати во Белата куќа.

„Трамп го смачка режимот во Киев до тој степен што ќе мора да плаќа за американската помош со минерални ресурси“, напиша Медведев на Телеграм.

Тој додаде: „Сега тие (Украинците) ќе мора да плаќаат за воените резерви со националното богатство на земјата што исчезнува“.

Медведев, кој беше претседател на Русија од 2008 до 2012 година, некогаш важеше за либерален и прозападен модернизатор, но откако започна руската инвазија врз Украина во 2022 година, стана еден од најгласните антизападни гласови во руското раководство.

Слични содржини