Трамп и Ким си ги мерат тастерите: Мојот е поголем од твојот

од desk2
76 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп му одговори на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун и му порача дека неговиот тастер за нуклеарно оружје и „поголем и помоќен“ од неговиот, пренесе BBC.

Трамп се огласи по пат на Twitter и така ја продолжи личната војна со Јонг-ун. Лидерот на Северна Кореја оваа недела се закани со нуклеарен напад велејќи дека тастерот за лансирање нуклеарно оружје секогаш е на неговото биро. Американскиот претседател не чекаше многу за да одговори.

„Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун изјави дека нуклеарниот тастер секогаш е на неговото биро. Може ли некој од неговиот режим да го извести дека и јас имам нуклеарен тастер, но многу поголем и помоќен од неговиот. Освен тоа мојот и работи“, порача Трамп.

Северна Кореја тврди дека поседува нуклеарно оружје со кое може да ја нападне САД. Аналитичарите сметаат дека Пјонгјанг има такво оружје, но не се сигурни дали има технологија за да го искористи.