Републиканците и демократите во Конгресот на САД постигнаа основен договор за прашањата на граничната безбедност за да избегнат нова блокада  на сојузната влада на 15-ти февруари.

Ова го објави републиканскиот сенатор од Алабама, претседателот на Долниот дом на Горниот дом на конгресот, Ричард Шелби.

“Имавме добра ноќ, стигнавме до основен договор”, откри сенаторот. Законодавците не ги открија деталите од договорот , наведувајќи дека текстот на нацрт-законот може да биде објавен во среда.

  На 25 јануари Белата куќа и Конгресот се согласија за краткорочно продолжување на финансирањето за целото американско влада, на тој начин го  прекинаа “шатдаунот”, што трае 35 дена. Овој договор сепак  е  периодот само до 15 февруари.
 Досега републиканците и демократите не се согласуваа за  буџетските противречности, главно поврзани со зајакнување на контролата над американската граница со Мексико , подигање на ветениот ѕид на Трамп,  а со тоа  не се отстранува ниту  заканата од нов “шатдаун”.