Трамп и неговата компанија прогласени за виновни за измама

од Nikola Popovski

Судија во Њујорк во вторникот пресуди дека Доналд Трамп мамел со години додека ја градел империјата за недвижнини што го катапултирала до слава и Белата куќа, јавува Гласот на Америка.

Судијата Артур Енгорон, одлучувајќи по граѓанска тужба поднесена од њујоршкиот јавен обвинител Летиција Џејмс, утврди дека поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави и неговата компанија измамиле банки, осигурителни компании и други со масовно преценување на неговиот имот и преувеличување на неговата нето вредност. Вредноста на хартиите што се користат за склучување зделки и обезбедување заеми.

Енгорон наредил да му бидат одземени некои деловни лиценци на Трамп, што им го отежнува или оневозможува работењето во Њујорк и рече дека независен набљудувач ќе продолжи да го следи работењето на компанијата на поранешниот американски претседател.

Адвокатот на Трамп, Кристофер Кисе, рекол дека имаат намера да поднесат жалба на одлуката, нарекувајќи ја „грешка на судскиот систем“ и „целосно спротивна на фактите и важечкото право“.

Џејмс го тужеше Трамп во септември 2022 година, обвинувајќи го него и фирмата дека цела деценија лажеле за вредноста на нивните средства и нето вредноста на 45-тиот американски претседател со цел да добијат подобри услови за банкарски заеми и осигурување.

Таа истакнала дека Трамп го зголемил сопственото нето богатство за дури 2,23 милијарди долари, а во еден наврат и за дури 3,6 милијарди долари, на годишните финансиски извештаи дадени на банките и осигурителните компании.

Јавниот обвинител соопшти дека имотот чија вредност е „надуена“ го вклучува имотот на Мар-а-Лаго во Флорида, неговиот стан на поткровјето на кулата на Менхетен и разни деловни згради и терени за голф.

Слични содржини