Трамп и неговите поддржувачи: Изборите не се завршени!

од Vladimir Zorba
213 прегледи

На митингот на приврзаниците на поранешниот американски претседател Доналд Трамп пред Капитол, законодавниот дом на Мичиген, демонстрантите скандираа „уште четири години“ и „победивме“ откако демократот Џо Бајден беше прогласен за победник на изборите во САД.

„Лично, верувам дека тој (Трамп) ќе остане наш претседател“, рече еден од говорниците пред Капитол.

Друг додаде дека планот е да се собираат луѓе секој ден да протестираат пред Капитол и да се побара пребројување на гласовите.

Поддржувачите на Трамп се собраа и пред конгресниот центар во Пенсилванија, каде не беа убедени дека Трамп ја изгубил изборната трка.

Се уште актуелниот претседател, Доналд Трамп претходно изјави дека овие избори сè уште не се завршени.

„Сите знаеме дека Бајден брза без докази лажно да се претстави како победник, а неговите медиумски сојузници се обидуваат да му помогнат. Факт е дека овие избори сè уште не се завршени“, рече Трамп по тој повод.