Трамп и се заблагодари на Мишел Обама за „многу љубезните зборови“

од Vladimir Zorba
143 прегледи

Претседателот на САД, Доналд Трамп, одговори на критиките на поранешната прва дама Мишел Обама, тврдејќи дека настапот на нејзиниот сопруг во Овалната канцеларија е она што го „катапултираше“ во Белата куќа.

Во своето обраќање синоќа на Демократската национална конвенција, Обама рече дека Трамп не е претседател за таа земја.

Рано утрово, Трамп објави на Твитер дека некој треба да и објасни на Мишел Обама дека тој немал да биде тука, „во прекрасната Бела куќа, доколку нејзиниот сопруг Барак Обама не ја завршеше целата работа“.

„Бајден малку задоцни, добра причина за доцната и многу нереална поддршка“, одговори Трамп.

Тој ги критикуваше одговорите на Обама и Бајден за свинскиот грип „Х1Н1“ во 2009 година и тврди, без докази, „дека администрацијата на Обама е најкорумпираната во историјата“.

Трамп заврши саркастично, откакои се заблагодари на Мишел Обама за нејзините „многу љубезни зборови“.

Трката за претседател на САД влегува во фаза кога Доналд Трамп и Џо Бајден официјално ќе ја преземат номинацијата на своите партии за претстојните избори во ноември.