
„Соединетите држави го испитуваат избувнувањето на вирусот „Ковид-19“ во Кина и ако се испостави дека земјата свесно дозволила појава, може да очекува последици“, рече американскиот претседател Доналд Трамп.
– Ние спроведуваме истрага. Ќе видиме што ќе биде. Ако е намерно направено, тие треба да ги сносат последиците. Прашањето е дали тие направиле грешка, или дали тие го направиле тоа намерно – рече Трамп на прес-конференција во Вашингтон.
Според „Блумберг“, Републиканската партија се обидува да ја обвини Кина за избувнување на пандемијата на коронавирусот. Поточно, конгресмените од таа партија претпоставуваат дека пандемијата е резултат на неуспешни експерименти, спроведени во лабораторија во Вухан.
Покрај тоа, тие ги критикуваа и претставниците на Демократската партија, кои се залагаа за заштита на кинескиот народ и раководството на земјата.
Наводно, Трамп не прецизирал дали е лут на Кина, истакнувајќи дека постои разлика помеѓу грешка и свесен чин.
Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека Кина уште од самиот почеток се залагала за отворена и одговорна позиција за објавување на сите информации за епидемијата од коронавирус.