Трамп има ироничен предлог за тоа како треба САД да ја нападне Русија

од Берта Китинска
261 прегледи

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп предложил САД едноставно да ги покријат борбените авиони со кинески знамиња и да ја нападнат Русија, велејќи дека тоа ќе ги наведе Русите и Кинезите да се борат меѓу себе.

Обраќајќи им се на главните донатори на Републиканскиот национален комитет синоќа во Њу Орлеанс, Трамп повторно се осврна на војната меѓу Русија и Украина. Во таа прилика, тој ја изнесе идејата дека би било добро САД да ги прикријат борбените авиони Ф-22 со кинески знамиња и да бомбардираат во Русија, според аудио снимката објавена од новинарот на Вашингтон Пост, Џош Доуси.

„И тогаш ќе речеме – Кина го направи тоа, ние не. Потоа тие почнуваат да се расправаат меѓу себе, а ние седиме и гледаме“, додаде Трамп.

„Јас сум единствениот американски претседател во овој век за време на кој Русија не нападна никого“, додава Трамп.