Трамп имал неостварена желба: Сакал да биде во љубовна врска со принцезата Дијана

од Nikola Popovski
334 прегледи

Претседателот на САД, Доналд Трамп, меѓу другото е познат по својот проблематичен однос кон жените, но по десетици обвинувања за сексуален напад и неславното видео во кое тој вели дека си дава за право да допира жени затоа што е познат и богат, Трамп е повторно во во центарот на вниманието поради жената која не успеал да ја освои, иако сакал – принцезата Дијана.

Колумнистката на Њујорк Тајмс, Морин Дауд во својата колумна напишала дека Доналд Трамп „што се однесува до жените, единствено за што жалел е што не бил во љубовна врска со Лејди Ди“, пренесува „Неделник“.

„Принцезата Дијана и Доналд имаат неколку заеднички карактеристики: тоа токсично танго со печатот, таа духовна врска со нивните обожаватели, таа желба да ги прекршат нормите. Уживаа да седат пред ТВ-екранот и да гледаат емисии за себе, повикувајќи избрани новинари да го контролираат наративот. Тие беа вознемирени кога некој ќе отидеше спротивно на нивните желби. Дијана скоро ја уништи монархијата, а Доналд стори се што можеше за да ја уништи демократијата“, пишува Дауд.

Морин Дауд пишува и за разликите меѓу Трамп и Лејди Ди, како и за моменталната состојба во Америка, со која практично управува лудилото на Трамп.

Сепак, таа потсетува дека во нејзината книга „Уметноста на враќањето“, објавена во 1997 година, Трамп вели дека единствено жали што не се согласил не се забавувал со принцезата Дајана по нејзиниот развод. Тој напишал дека таа „би ја осветлила целата соба со својот шарм, со своето присуство“, и дека е „дама од соништата“.

Кога еден пријател ја прашал за додворувањето на Трамп, пишува Дауд, Дијана му рекла: „Се плашам од него“.

„Ди, знаеме како се чувствуваш“, порачала Дауд.

Слични содржини