Трамп: Инфраструктурниот проект на Бајден е план за уништување на Америка

од Stefanija Kuzmanovska
413 прегледи

Буџетските предлози на американскиот претседател Џо Бајден за развој на инфраструктурата се „план за уништување на Америка“, рече поранешниот претседател Доналд Трамп.

„Додека сите спијат, радикалните демократи го промовираат она што ќе остане во историјата како комунистички план од 3,5 трилиони долари за уништување на Америка. Ова законодавство е напад врз нашиот народ, заедницата и американскиот сон“, рече Трамп.

Според него, спроведувањето на таков план ќе доведе до повисоки даноци и цени за многу секојдневни производи. „Америка, те ограбуваат среде бел ден, време е да се разбудиш!“, рече Трамп.

Во вторникот, американскиот Сенат гласаше со 69 гласови „за“ и 30 „против“ за да го одобри планот за развој на инфраструктурата од 1,3 трилиони долари, договорен од Белата куќа и двопартиската група на Сенатот. Проектот обезбедува 110 милијарди долари за мостови и патишта, и 11 милијарди долари за безбедносни програми за транспорт. Се планира да се потрошат уште 39 милијарди долари за модернизација на јавниот превоз.

Документот, исто така, предвидува даночно олеснување за производителите што користат обновливи извори на енергија, имплементација на програми за олеснување на пристапот до високото образование. Предвидено е зголемување на трошоците за здравство, образование и животна средина. Членовите на владејачката Демократска партија гласаа за документот, додека републиканците гласаа против.

Слични содржини