Претседателот на САД, Доналд Трамп, би бил многу среќен да се соочи со Опра Винфри во претседателската трка во 2020. година, изјави портпаролот на Белата куќа, откако популарната ТВ-водителка на социјалните мрежи доби силна поддршка како потенцијален претседателски кандидат на изборите, по позитивните реакции на јавноста во врска со нејзиниот ангажиран говор на церемонијата на доделување на наградите „Златен глобус“.

„Со нетрпение го очекуваме ваквиот предизвик, без разлика дали станува збор за Опра Винфри, или било кој друг“, изјави Хоган Гидли за медиумите чии новинари беа во аеродромот Air Force One, како придружба на претседателот Трамп кој патуваше кон Нешвил.
„Си-Ен-Ен“ ја објави веста дека 63-годишната Опра Винфри активно размислува за влез во претседателската трка, повикувајќи се на извори меѓу кои и двајца блиски пријатели на популарната телевизиска презентерка.
Винфри во нејзините претходни изјави дека не размислува да се кандидира за претседател, но „Лос Анџелес Тајмс“ неодамна ја цитираше изјавата на нејзиниот долгогодишен деловен и животен партнер Стидман Грахам, според кого „таа сигурно би го сторила тоа“.
За само 24 часа по нејзиниот деветминутен говор на „Златните глобуси“ кој двапати беше прекинат поради бурни овации, на социјалните мрежи се појавиле повеќе од 220.000 пораки во кои се споменуваат зборовите „Опра“ и „претседател“.
Опра Винфри одамна се поврзува со политичари од круговите на американските демократи. Таа учествуваше во претседателската кампања на Барак Обама во 2008-ма, додека пак во 2016-та ја поддржа Хилари Клинтон./Макфакс