Ние ја повлековме тужбата бидејќи победивме. Вака претседателот на САД, Доналд Трамп објасни зошто тужбата за изборни нерегуларности во Мичиген беше повлечена.
Американскиот претседател тоа го објави на својот профил на Твитер.
Претходно, правниот тим на Трамп ја повлече тужбата во врска со пребројувањето на гласовите во Мичиген.
We withdrew because we won! https://t.co/aMoNQXEj4z
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) November 19, 2020
Тоа го објави адвокатот на Трамп Руди Џулијани.
„Повлекувањето на тужбата во Мичиген е резултат на она што го побаравме, а тоа е да се спречи раната потврда на резултатите од изборите во округот Вејн пред граѓаните да бидат убедени дека секој законски глас е изброен и незаконското е отфрлено“, се вели во изјавата на Џулијани.
Мичиген е една од спорните држави, каде што тимот на Трамп тврдеше дека има изборни нерегуларности.
Покрај Мичиген, Трамп најави и пребројување на гласовите во Џорџија.
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) November 19, 2020
Тој сподели видео на кое републикански конгресмен од таа земја наведува дека бројките „се движат во полза на претседателот“.