Трамп ја прескокнува првата републиканска дебата, наместо тоа ќе даде интервју

од Stefanija Kuzmanovska
279 прегледи

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп нема да учествува во првата дебата на кандидатите за претседателска номинација на Републиканската партија, туку ќе даде интервју со еден од најгледаните американски водители Такер Карлсон, објави денеска „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на неименувани извори.

Според весникот, Трамп на блиските луѓе им рекол дека решил да ја прескокне дебатата во Милвоки, а интервјуто со Карлсон, поранешен водител на конзервативната „Фокс њуз“, треба да биде прикажано на Твитер за време на дебатата.

Претседателката на Републиканскиот национален комитет Рона Мекдонел приватно го повикуваше поранешниот претседател да се појави на дебатата, а минатиот месец дури и отпатува во приватниот клуб на Трамп во Бедминстер, Њу Џерси, за лично да разговара со него.

Слични содржини