Трамп ја продолжува ескалацијата меѓу Канада и САД: „Не ни требаат вашите производи, ќе дознаете наскоро“

од Nikola Popovski
37 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги критикуваше канадските власти и рече дека Америка наскоро ќе покаже дека не ѝ се потребни канадски производи.

Во обраќање на социјалната мрежа „Truth Social“, Трамп рече дека Канада најавила воведување дополнителни царини за САД.

„И покрај фактот што Канада наплаќа американски царини од 250 до 390 проценти за многу од нашите земјоделски производи, тие одлучија да додадат царина од 25 проценти за електрична енергија. Не ни е дозволено да го правиме тоа. Бидејќи царините ни се реципрочни, сè ќе вратиме на 2 април. Канада ги прекршува царините и секогаш го правела тоа. Америка повеќе нема да ја субвенционира Канада. Не ни требаат вашите автомобили, вашите градежни материјали, вашата енергија и тоа ќе го дознаете многу брзо. Ќе ја направиме Америка повторно голема“, порача Трамп.

Премиерот на Онтарио, лидер на најнаселената провинција во Канада, објави дека од понеделник наплаќа 25 отсто повеќе струја за 1,5 милиони Американци како одговор на трговската војна на американскиот претседател Доналд Трамп.

Онтарио ги снабдува со електрична енергија Њујорк, Минесота и Мичиген.

„Нема да се двоумам да ја зголемам оваа такса. Ако САД ескалира, нема да се двоумам целосно да ја прекинам струјата. Верувајте ми кога велам дека не сакам да го правам ова. Се чувствувам ужасно за американскиот народ кој не ја започна оваа трговска војна. Едно лице е одговорно, а тоа е претседателот Трамп“, рече лидерот на провинцијата Даг Форд.

Слични содржини