Трамп: Ќе бидам 47-миот претседател на САД (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
242 прегледи

Поранешниот претседател Доналд Трамп е снимен како им кажува на пријателите за време на партија голф дека ќе биде 47-от претседател на САД. Трамп. Трамп, кој тврди дека Џозеф Бајден го победил со измама во 2020 година, сè уште официјално не ја објавил својата кандидатура за 2024 година.

На социјалните мрежи кружи видео на Трамп како се подготвува да замавне со палката за голф, а на главата носи црвена капа, која е негов заштитен знак, со натпис „Да ја направиме Америка повторно голема“.

„Настапува 45-от претседател на САД“, изјави лице кое било во друштво на Трамп.

На тоа одговара Трамп „45. и 47“. Неговиот одговор ги воодушевил присутните.

Откако ја напушти Белата куќа минатиот јануари, Трамп тврди дека претседателските избори во 2020 година, кои ги загуби од демократот Џо Бајден, биле „наместени“.

Иако нему му беше забранет пристапот до сите главни платформи за социјални медиуми, Трамп продолжи да ја коментира американската политика преку соопштенија за печатот и интервјуа за медиумите, и одржа неколку митинзи во последниве месеци, за време на кои постојано навестуваше планирано враќање во 2024 година.

Но, тој јавно не се изјасни дефинитивно дали ќе се кандидира или не.