Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера изјави дека ќе ги помилува лицата обвинети за упадот на Капитол на 6 јануари минатата година, доколку повторно стане претседател во 2024 година, пренесе Ројтерс.
Трамп го кажа ова на митинг во Конро, Тексас.
„Друга работа што ќе ја направиме, а толку многу луѓе ме молат за тоа, ако се кандидирам и победам, да бидам фер кон луѓето од 6 јануари“, рече Трамп, заслужувајќи го аплаузот на неговите поддржувачи на митингот.
„Ќе се однесуваме фер со нив“.
Илјадници поддржувачи на Трамп упаднаа во Капитол на 6 јануари минатата година, откако тој рече дека неговата победа на претседателските избори во ноември 2020 година била украдена и дека неговиот ривал, Џо Бајден, победил со измама.