Актуелниот американски претседател Доналд Трамп испрати изјава до медиумите во која рече дека „никогаш нема да се откаже од борбата за Американците и оваа нација“.
Трамп рече дека верува оти Американците заслужуваат целосна транспарентност при броењето на сите гласови.
„Овде станува збор за интегритетот на целиот наш изборен процес. Од почетокот рековме дека мора да се избројат сите легални гласачки ливчиња и дека не мора да се бројат сите нелегални гласачки ливчиња, но на секој чекор наидовме на отпор од демократите околу овој основен принцип“, рече актуелниот претседател на САД и кандидат на републиканците на изборите во САД.
Тој додаде дека „ќе ја провери законитоста на секој аспект од овој изборен процес на суд“ за граѓаните да имаат доверба во својата влада.
„Никогаш нема да се откажам од борбата за вас и оваа нација “, се вели во соопштението.