Трамп ќе испрати оружје за 300 милиони долари на Украина

Овој потег значи сериозна промена за Трамп, оти неговата администрација во Украина досега праќаше само оружје одобрено од претходниот претседател Бајден.

од desk2
9 прегледи

Администрацијата на претседателот на САД ќе избере оружје од американските залихи и ќе ги испрати на Украина директно. Станува збор за оружје во вредност од 300 милиони долари, а ова е првпат Доналд Трамп откако се врати во Белата куќа да ги искористи претседателските овластувања, нешто што неговиот претходник Џо Бајден го правеше често.

Трамп ги активираше овластувањата за повлекување средства (PDA), што овозможуваат повлекување вооружување од воените залихи на САД за помош на сојузниците во итни случаи. Трамп во вторникот рече дека САД на Киев ќе му испрати дополнително оружје за на Украинците, соочени со сѐ поголемото напредување на руските сили, да им се помогне во одбраната.

Овој потег значи сериозна промена за Трамп, оти неговата администрација во Украина досега праќаше само оружје одобрено од претходниот претседател Бајден.

Воената помош од Трамп би можела да вклучува и одбранбени проектили Патриот и ракети со среден долет, но допрва ќе се прецизира какво вооружување и воена опрема ќе се испраќа во Украина.

Пентагон месецов реши да откаже испораки на оружје на Украина одобрени од Бајден, без консултација со Белата куќа.

Хаос во Вашингтон: Трамп се извинувал поради откажувањето оружје за Украина потпишано од секретарот за одбрана

Слични содржини