Новоизбраниот претседател Доналд Трамп потврди дека неговиот план за масовни депортации на мигранти ќе биде проследено со прогласување на вонредна состојба. Трамп, во објава рано наутро на социјалните мрежи, одговори „ВИСТИНА!!! на конзервативен активист кој рече дека слушнал такви извештаи, објави Вашингтон Пост.
За време на кампањата, Трамп вети дека ќе започне со масовни депортации откако ќе ја преземе функцијата.
„На првиот ден, ќе ја започнам најголемата програма за депортација во американската историја за да се ослободам од криминалците. Ќе го спасам секој град и секое место што е нападнато и освоено, а овие ѕверски и крволочни криминалци ќе ги затвориме и потоа ќе ги истераме од нашата земја што е можно побрзо, рече Трамп на митингот во Медисон Сквер Гарден во последните денови од претседателската трка.