
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека понекогаш жали за своите објави на Твитер и призна дека може да биде импулсивен на таа социјална мрежа.
„Ретвитите речиси секогаш ве ставаат во неволја“, рече Трамп, признавајќи дека не секогаш ги проверува внимателно луѓето чии објавувања ги пренесува на неговиот профил на Твитер.
Трамп истакна дека можеби е подобро да биде повнимателен.
Тoj додаде дека не ги гледа неговите коментари на Интернет како проблем, туку објавите на неговите следбеници што ги пренесува.
Претседателот рече дека сака да биде на социјалните мрежи „понекогаш премногу“.
Трамп има 84 милиони следбеници на Твитер, а тоа е неговата главна платформа меѓу социјалните мрежи, која често ја користи за да ги нападне политичките противници или медиумите за кои верува дека шират лажни вести за него и за неговата политика.