Конфликтот во Украина „треба веднаш да заврши“, изјави поранешниот американски претседател Доналд Трамп, повторувајќи ја својата теза дека е подготвен да се постигне решение за само 24 часа.
Трамп смета дека Украина може да биде уништена за година и пол, доколку не се реши конфликтот.
„Не можам да замислам што може да се случи во тоа време. Заклучокот е дека војната мора да престане, бидејќи Украина се уништува“, нагласи Трамп.
Тој навести дека украинската криза „можеби нема да се реши пред изборите“ за американскиот претседател во 2024 година, а политиката на администрацијата на актуелниот американски лидер Џо Бајден се заканува со „третата светска војна“.
„Неверојатно е дека ние (на власт) имаме луѓе кои не знаат што прават. Меѓутоа, ако (конфликтот) не се реши, ќе го решам сам – за 24 часа со (Владимир) Путин и (Владимир) Зеленски.
Тоа ќе биде многу едноставно преговарање, но нема да откријам од што ќе се состои, бидејќи тогаш нема да можам да го реализирам мојот план“, рече Трамп во интервју за „Фокс њуз“.