Трамп критикуван од колегите поради Северна Кореја

од Nikola Popovski
242 прегледи

Двајца високи функционери од администрацијата на Доналд Трамп, кои сега му се ривали во републиканската трка за кандидат на партијата за изборите во 2024 година, го критикуваа поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави што ѝ честитал на Северна Кореја за нејзиниот ангажман со Светската здравствена организација.

Поранешниот потпретседател Мајк Пенс и гувернерката на Јужна Каролина Ники Хејли, која беше амбасадорка во Обединетите нации за време на администрацијата на Трамп, го критикуваа поранешниот претседател во интервју за Фокс њуз во саботата.

Гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис, исто така остро го критикуваше Трамп за коментарите за севернокорејскиот лидер.

Претходно, Трамп во петокот на својата мрежа „Social Truth“ напиша:

„Честитки за Ким Џонг Ун“.

Десантис рече дека бил изненаден кога видел такво нешто.

„И понатаму смета дека Ким Џонг Ун е диктатор-убиец“, истакнал Десантис.

Трамп ја линкувал својата порака со статија за неодамнешните избори на Северна Кореја за извршниот одбор на СЗО.

Севернокорејскиот министер за здравство Јонг Мин Пак е избран во извршниот одбор со мандат до 2026 година.

Слични содржини