Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја претстави својата официјална меме криптовалута наречена TRUMP, што предизвика силна реакција на пазарот на криптовалути. За помалку од еден час, еден трговец остварил неверојатна добивка од 20 милиони долари во првиот час од објавувањето.
Трамп го објави лансирањето на својата нова криптовалута на својата социјална мрежа Truth Social.
„Моето ново официјално Трамп меме е тука! Време е да го прославиме сето она за кое се залагаме: ПОБЕДА! напиша Трамп.
Цената се зголеми за 4000% за краток временски период
Криптовалутата беше развиена на платформата Solana (SOL) и првично имаше вкупно 200 милиони токени. Сепак, вкупната понуда ќе се зголеми на 1 милијарда во следните три години.
Еден трговец реагираше брзо и купи скоро 6 милиони TRUMP токени за приближно 1,1 милиони долари во USDC. За само 90 секунди вредноста на таа инвестиција порасна на 23 милиони долари. Досега има продадено само мал дел, но сепак поседува 5,43 милиони TRUMP токени, со што заработи повеќе од 20 милиони долари, според податоците на Lookonchain.
Лансирањето привлече голем број корисници, но покрена и прашања за безбедноста и можната кражба. Сепак, најголемото внимание во крипто заедницата моментално го привлекува порастот на цената на TRUMP и огромниот профит на трговците.
Што е меме паричка?
Меме монета е криптовалута инспирирана од интернет меме, шеги или популарна култура, често создадена како забавен или шпекулативен проект.
Овие валути обично немаат силна техничка основа или вистинска корист како некои други криптовалути, но нивната вредност често се зголемува поради популарноста на социјалните мрежи, заедниците што ги поддржуваат или јавниот интерес.
Примери на познати меме монети се Dogecoin и Shiba Inu.