„Леброн Џејмс треба да се фокусира на кошарката наместо да биде главен играч во уништувањето на НБА“, изјавил поранешниот американски претседател, Доналд Трамп.
Тој потенцирал дека НБА-лигата штотуку го забележала најнискиот телевизиски рејтинг, од основањето.
„Неговите расистички подбивки се разединувачки, гадни, навредливи и понижувачки. Можеби е одличен кошаркар, но не прави ништо за да го соедини заедно, нашиот кутар народ“, објавил Трамп.
INBOX: Donald Trump calls LeBron James racist pic.twitter.com/Mn7STEis7j
— Ben Jacobs (@Bencjacobs) April 23, 2021
Ѕвездата на ЛА Лејкерс и на НБА лигата, се најде на удар на јавноста дека шири омраза и раздор во САД, откако кошаркарот реагираше по убиството на 16-годишната Макаја Брајант. Џејмс очигледно помислил оти полицијата преагресивно реагирала кога ја застрела 16-годишната Брајант и објави твит со фотографија од полицаецот кој пукаше со порака: „Ти си следниот #ОДГОВОРНОСТ“.
Сепак неговата реакција наиде на голема осуда во јавноста, а и најголемиот полициски синдикат во САД ја осуди порака како „срамна и екстремно непримерна“.
По твитот на Леброн се огласи и сенаторот Том Котон кој го обвини кошаркарот на ЛА Лејкерс дека заговара насилство над полицијата.
„Леброн Џејмс предизвикува насилство над полицијата во Охајо. Тоа е срамно и опасно. Полицајците кои ги ризикуваат своите животи за да спасат недолжни жртви ја заслужуваат нашата поддршка и почит. Не заслужуваат напад“, изјави сенаторот Котон.