Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави за „Фокс њуз“ дека францускиот претседател Емануел Макрон „му се умилкувал“ на кинескиот претседател Си Џинпинг за време на неодамнешната посета на оваа азиска земја.
„Овој луд свет се распаѓа, а САД ништо не се прашуваат. Мојот пријател Макрон заврши во Кина, умилкувајќи му се на претседателот Си Џинпинг, се е тоа во ред“, рекол Трамп, пренесува бриселски „Политико“.
Францускиот претседател, инаку, отиде во Кина заедно со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, со цел да види дали Си на крајот ќе влијае на неговиот руски колега Владимир Путин да ја прекине војната во Украина.
Поранешниот американски претседател во интервјуто имаше само пофални зборови за кинескиот претседател.
„Претседателот Си е извонреден човек. Ако го пребарате целиот Холивуд за човек да ја игра неговата улога, нема да го најдете“, рече тој.
„Никој не е еднаков на Си Џинпинг“, рече Трамп, додавајќи дека кинескиот претседател е „исклучително паметен“.