Трамп: Мислам дека припојувањето на Гренланд кон САД ќе се случи

од Milan1
39 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва има средба со генералниот секретар на НАТО Марк Руте. Главна тема на средбата е војната во Украина и актуелната ситуација со предложениот едномесечен прекин на огнот, а средбата се одржува во Белата куќа зад затворени врати.

Пред почетокот Трамп и Руте накратко се појавија пред новинарите.

Претседателот рече дека „се надева дека Русија ќе дејствува одговорно“, а изјавата на Путин ја опиша како „ветувачка, но не и целосна“.

Сепак, особено внимание привлече реченицата на Трамп, пренесена од Ројтерс. Тој и Руте беа пречекани со прашања за американските амбиции да го заземат Гренланд. И додека шефот на НАТО не сакаше да зборува за тоа, Трамп рече:

– Мислам дека анексијата на Гренланд ќе се случи. Нашата администрација се занимава со Данска и Гренланд, ќе направиме договор.

Тој рече дека „не размислувал премногу за тоа“, па се сврте кон Руте.

– До мене седи човек кој би можел да биде клучен за тоа прашање. Знаеш, Марк, ти треба (Гренланд) за меѓународна безбедност, а не само за безбедност.

Трамп, исто така, рече дека исходот од изборите на Гренланд, каде што опозициската партија Демократит, која се залага за бавен пристап кон независноста од Данска, освои најмногу гласови, е „добар за Соединетите држави“.

Слични содржини