Трамп: Мислам дека Путин сака мир, ако не бев јас ќе сакаше да ја освои цела Украина

од Milan1
60 прегледи

Претседателот на САД, Доналд Трамп, рече дека верува оти рускиот претседател Владимир Путин сака да ја заврши војната во Украина и да донесе мир и покрај неодамнешните напади врз земјата.

На прашањето на Тери Моран од „ABC“ дали мисли дека Путин сака мир, Трамп одговори: „Мислам дека сака“, објави Ројтерс.

„Да не бев јас, мислам дека тој ќе сакаше да ја преземе целата земја“, рече Трамп, нагласувајќи дека не бил задоволен кога видел руски ракетни напади врз неколку украински градови и места.

Трамп претходно го критикуваше Путин откако Русија испука ракети и беспилотни летала врз Киев во ноќта меѓу 23 и 24 април.

„Владимир, престани! Не сум среќен поради руските напади врз Киев. Тоа е непотребно и доаѓа во многу лошо време“, напиша Трамп на мрежата „Вистина“.

Новинската агенција „Укринформ“ објави дека целта на рускиот напад бил Киев, каде што е потврдено дека загинале девет лица.

Украинскиот министер за одбрана Рустам Умеров изјави дека во нападот врз Киев се повредени повеќе од 70 лица, меѓу кои и шест деца.

Слични содржини